Поради интересот на туристите од државите на Бенелукс холандскиот туроператор „Корендон“ одлучи од идната сезона до охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ да реализира шест чартер-лета неделно. Претставници на „Корендон“ деновиве престојуваа во Охрид каде што со партнерот „Фибула ер-травел“ и претставници на сместувачките капацитети потпишаа Договор за соработка за уште три сезони, како и зголемување на бројот на закупени места во хотелите за аранжманите на холандскиот туроператор. Договорот со „Фибула ер-травел“ го продолжуваме за уште три години. Од идната сезона воведуваме уште два чартер-лета седмично што ќе летаат од Брисел, што значи дека за Македонија ќе има шест авиони седмично. Планираме да донесеме во Охрид повеќе од дваесет илјади туристи.
Поради интересот на туристите од државите на Бенелукс холандскиот туроператор „Корендон“ одлучи од идната сезона до охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“ да реализира шест чартер-лета неделно.
Претставници на „Корендон“ деновиве престојуваа во Охрид каде што со партнерот „Фибула ер-травел“ и претставници на сместувачките капацитети потпишаа Договор за соработка за уште три сезони, како и зголемување на бројот на закупени места во хотелите за аранжманите на холандскиот туроператор.
„Договорот со ’Фибула ер-травел’ го продолжуваме за уште три години. Од идната сезона воведуваме уште два чартер-лета седмично што ќе летаат од Брисел, што значи дека за Македонија ќе има шест авиони седмично. Планираме да донесеме во Охрид повеќе од дваесет илјади туристи“, изјави Атилај Услу од „Корендон“.
Заклучно со минатата седмица, продадени се 72 отсто од закупените аранжмани за летување во Македонија за оваа година. Менаџерите на „Корендон“ предвидуваат дека во Македонија оваа сезона ќе летуваат над 15 илјади туристи од земјите на Бенелукс.
„Корендон“ ја стави Македонија како дестинација за летување минатата година, а благодарение на големиот интерес на туристите од Бенелукс за летување во Охрид и Струга, но и за кружните тури низ Македонија, тогаш беше потпишан договор за следните три години.